По само шест месеци Халиловиќ си заминува од Милан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Милан, Ален Халиловиќ е пред трансфер во редовите на Бешикташ.

„Скај Спортс Италија“ пренесува дека турскиот клуб ќе го добие потписот на Халиловиќ на перманентна основа.

Некогаш најголемиот хрватски талент одигра само три натпревари во дресот на Милан оваа сезона и тоа сите дојдоа во Лигата на Европа. За работата да биде уште полоша за Халиловиќ, на сите натпревари влегуваше како замена, па како првотимец на Милан собра само 60 минути.

Ален Халиловиќ никогаш не доби шанса да дебитира во Серија А, па сега среќата ќе ја побара во Турција.