До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Штерјовски нов тренер на Победа
ФК Победа ја прекина соработката со Стручниот штаб Бојчески-Крстески поради слабите резултати на почетокот на првенството.
-Благодарност до Дарко Крстески за неговите залагања и досегашните успеси со клубот. Од денес одговорноста да го предводи прилепскиот прволигаш ја превзема Зоран Штерјовски на кој му посакуваме успешна и плодна работа!,,ФК Победа,, не смее и нема да биде екипа на која останатите ќе демонстрираат сила. Имаме доста проблеми со самото неиграње во Прилеп поради реконструкцијата на Градскиот стадион, отежнати услови за тренинг и неколку повредени клучни играчи. Но постепено ги решаваме проблемите и се стабилизираме. Се надевам дека резултатите ќе се подобрат и почнеме да освојуваме бодови. Му посакувам на Штерјовски успешна работа, а Крстески ќе остане најверојатно во клубот да помага во остварувањето на нашите цели, изјави Претседателот на Победа Гоце Ингилизов.
41-годишниот Штерјовски претпладнево го одржа првиот тренинг со екипата и на утрешниот меч со Работнички во Битола ќе дебитира на клупата на Победа. Претходно работеше како тренер во Пелистер, Силекс, Миравци и Корзо.















