До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал го победија на гостувањето Барнли со 1:0 во последниот дуел од 7 коло на англиската Премиер лига.
Доста возбудлив меч е виден во овој дуел, а победникот е решен во последнит секунди и тоа контроверзен гол на Лорен Кошчелни.
Барнли имаше подобри шанси, поготово во второто полувреме.
Прво Чех одбрани добар удар на Гудмундсон, а во 75 минута Мајкл Кин ја погоди пречката.
Сепак, во последните секунди Кошчелни погоди за победа и тоа со рака. Оксленд Чембрлен го погоди топката во рацете, а таа заврши во мрежата за петти триумф по ред на Топџиите.















