Победа со нов тренер славеше против Работнички, Вардар само бод против Пелистер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Победа со новиот тренер Зоран Штерјовски славеше против Работнички со 2:1.

    Првиот гол за Победа го постигна Никола Шаркоски во 15 минута, на 2:1 зголеми Благоја Гешоски во 68 минута, а утешниот гол за Романтичарите го постигна Бојан Најденов.

    Вардар одигра само 1:1 со Пелистер. Вардар поведе преку Дамир Којасевиќ во 49 минута, на 1:1 израмни Јован Попзлатанов во 66 минута.

    Македонија Ѓорче Петров славеше во Штип против Брегалница со 1:2.

    Домаќините стигнаа први во водство преку Стојанче Велинов во 15 минута, Ален Јашароски во 15 минута донесе израмнување  и победа на гостите од Скопје со гол во 75 минута.

    Шкендија и Ренова одиграа 1:1. Домаќините стигнаа први во водство во 49 минута преку Жуниор, а Висар Муслиу во 63 минута донесе голем бод за Ренова.

    Шкупи и Силекс истотака одиграа 1:1. Домаќините стигнаа први во водство преку Флорент Османи во 38 минута, а бод за Силекс донесе Благој Гуцев во 83 минута.