Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Франција, Пол Погба истакна дека првенството во Русија можеби е последно за него.
Ваквата изјава доаѓа како шок за многу фудбалски фанови со оглед дека Погба е се уште млад и има уште многу за играње пред себе.
„Можеби ова е последно Светско првенство за мене. Сега навистина уживам. Го давам најдоброто за мојот дрес, мојот тим, за Франција. Навистина сакам да го освојам ова Светско првенство“- коментираше Погба.
Потоа Французинот беше натеран да објасни што значи тоа дека ова можеби е последен голем турнир за него, на што Погба одговори: „Реален сум за фактот дека ова можеби е последно Светско првенство за мене. Не знаеме што ќе се случи утре, можеби тогаш ќе бидам повреден, или ќе дојдат некои играчи кои ќе ме надминат“ –заклучи фудбалерот на Манчестер Јунајтед.