Поголем тим не е подобро решение: 11 играчи кои го почуствуваа тоа на своја кожа!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кога сте професионален фудбалер, често ќе се најдете во ситуација на дилема дали се исплати промена на средината или да се остане верен на клубот. Преговарачите често немаат трпение да чекаат одговори, освен ако не сте светска класа на играч.

    Па така и овие 11 играчи повеќе или помалку си ги уништија кариерите со промена на средината.

    Голман: Гомез(од ПСВ во Тотенхем во 2008 година за 8.7 милиони евра)

    Бразилецот често правеше чуда на голот на ПСВ и покрај критиките дека тој треба да игра како играч, а не како голман. Одигра голема улога во 4-те титули по ред на ПСВ и нивните европски успеси. Кога Рамос одлучи во 2008 година да го донесе во Тотенхем, тие се уверија дека имаат голман за наредните неколку сезони. Но, честите повреди и големи грешки, како тие против Реал Мадрид во 2011 или против Челси, го натераа клубот да го донесе 40-годишниот Бред Фридел, а потоа и Лорис како негова замена.

    Десен бек: Асиер дел Хорно(од Атлетик во Челси во 2005 година за 10 милиони евра)

    Иако тој беше прво стопер, сепак поради напаѓачките квалитети него набрзо го ставија да игра како десен бек. Откако со одличните игри во Атлетик Билбао стигна до Шпанија, тој пристина и во Челси. Меѓутоа, тој во дресот на Челси одигра само 34 натпревари во сите натпреварувања, а набрзо потоа беше испратен во Валенсија како промашување.

    Стопер: Лескот(од Евертон во Сити во 2009 година за 24 милиони евра)

    Долго траеше приказната за Лескот кој во 2009 година се пресели за 24 милиони евра во Сити. Тие во него видоа столб за одбраната. Иако одигра повеќе од 100 натпревари за Сити, тој никогаш не ги исполни очекувањата, па во 2014 година го отпуштија како слободен играч.

    Стопер: Џонатан Вудгејт(од Њукасл во Реал Мадрид во 2004 година за 15.5 милиони евра)

    Реал Мадрид реши да се коцка со многу солиден Англичанец. Но резултатот беше познат, Вудгејт дебитираше дури 1 година откако дојде, во 2005 година. За Реал одигра само 9 натпревари, а во 2007 година беше прогласен за „најлош трансфер во 21 век“.

    Лев бек: Томас Вермален(од Арсенал во Барселона во 2014 за 17 милиони евра)

    Што да се каже за човекот кој мораше да ја врати медалата од освојувањето на ЛШ бидејќи не заигра ниту минута за Барселона? Слично како и кај Вудгејт, само во дресот на Барселона. Вермален одигра само 11 натпревари пред да биде испратен во Рома.

    Дефанзивен играч за врска: Емануел Петит(од Арсенал во Барселона во 2000 за 14.75 милиони)

    Уште еден играч од тие што Барселона им ги „украде“ на Арсенал, но кај тој трансфер не се прослави. Помалку од 2 сезони откако постигна гол во финалето на СП, Петит одработи една тотално загубена сезона во Барселона пред да замине во Челси во 2001 година.

    Играч за врска: Андресон(од Порто во Манчестер Јунајтед во 2007 за 28.78 милиони)

    Чудесната 10-ка на Гремио и Порто под водство на Фергусон требаше да биде големо откритие. Меѓутоа, тој експеримент беше прескап за цифрата која беше платена за него.

    Десно крило: Мартин Одегард(од Стромсгодсет во Реал Мадрид во 2015 за 4.38 милиони)

    Норвешкиот талент привлече големо внимание на цел свет, но лошите игри за јуниорската селекција и резервниот тим во Реал разбудија сомнеж во неговиот квалитет, а точка на тоа стави и Анчелоти кој најверојатно ќе го прати на позајмица во Рен.

    Полушпиц: Диего(од Вердер во Јувентус во 2009 година за 24.5 милиони)

    Диего во сезоната 2008/09 постигна 20 голови во сите натпреварувања и така ја заврши одличната кариера во БЛ. Јувентус го донесе во свои редови, но од него не добија никаков резултат. Несложувањата со Ферара и лошата формација за него резултираат во едно-разделба со Јувентус.

    Лево крило: Рикардо Кварезма(од Порто во Интер во 2008 година за 18.6 милиони)

    Злобниот дечко во португалскиот фудбал, Кварезма заблеска како замена за Деко во Порто. Па Интер се реши да го донесе во свои редови. Неговите навики сепак беа посилни од него. Мурињо многу рано по неговото доаѓање одлучи да го „отпише“, а во 2008 година тој ја доби наградата за најлош играч во Серија А.

    Напаѓач: Феранандо Торес(од Ливерпул во Челси во 2011 за 52 милиони евра)

    Овој трансфер не смее да го заборавиме. Торес во 2011 година премина во Челси по 4 успешни сезони во Ливерпул и стана едно од најголемите промашувања на Челси. Во дресот на Челси одигра 110 натпревари и постигна само 20 голови.