„Подготвен сум на се“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Германецот Нико Розберг се наоѓа на чекор од освојување на титулата во Формула 1.

    Возачот на Мерцедес има 12 бодови предност во однос на Луис Хамилтон, а до крајот на шампионатот остана само една трка и тоа таа во Абу Даби која се вози од 14 часот во недела.

    Пред трката во Абу Даби, Розберг изјави дека е подготвен на се за да победи и така дојде до шампионската титула.

    „Во последната трка од сезоната влегувам со желба да победам. Подготвен сум на се за да дојдам до тоа, но секако само во границите на тоа што е прифатливо.“

    „Предноста во шампионатот нема да ме направи побрз на трката. Ова е веќе 3-та сезона која се решава во финишот помеѓу нас двајца, па така сега сум многу опуштен.“