Позната е иднината на Головин: Најголемата руска ѕвезда си најде нов клуб!

Иако Челси беше фаворит за потписот на Александер Головин, сепак Монако реши да им го „украде“.

Репрезентативецот на Русија беше еден од најдобрите играчи на последниот Мундијал, а сега од ЦСКА ќе замине во Монако.

Екипата од Русија се согласи да го продаде за 30 милиони евра, а Головин го очекува договор на пет години бидејќи Монако му гарантираше поголема минутажа од Маурицио Сари и Челси.

„Преговорите беа напорни, не беше лесно да реши фудбалерот каде да игра, но мило ми е што не одбра нас. Беше доволно да погледне кои од младите ѕвезди играа за Монако и направија големи трансфери, како Мбапе, Бернардо Силва, Лемар“, вели првиот човек на Монако, Вадим Василјев.

Головин во последната сезона одигра 43 натпревари, а постигна седум голови и шест асистенции.