Познато името кое ќе го замени Пуел во Лестер до крајот на сезоната (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека поранешниот фудбалер на Лестер и успешен тренер во Шкотска, Нил Ленон се согласил да го преземе клубот до крајот на оваа сезона.

Лестер по примерот на Манчестер Јунајтед ќе назначи привремен тренер до крајот на оваа сезона, а потоа ќе ги разгледа опциите за перманентен менаџер.

Поранешниот стратег на Хиберниан, Нил Ленон ќе биде привремен менаџер, а потоа од раководството на клубот ќе ги разгледаат кандидатите кои ќе бидат потенцијални наследници на Клод Пуел.

Инаку Ленон има искуство со менаџирање во Англија затоа што одреден период беше предводник на Болтон, а четири години седеше и на клупата на Лестер.

Во јавноста се шпекулира дека Рафа Бенитез е најсериозен кандидат за клупата на Лестер, а покрај неговото се споменуваат и имињата на Роберто Мартинез, Брендан Роџерс како и Давид Вагнер.