Полицијата со соопштение: Ако авионот на Сала слетал во водата, шансата да преживеале се речиси никакви!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Полицијата повторно почна потрага за засилувањето на Кардиф, Емилијано Сала, чиј авион исчезна на пат од Франција кон Англија, па веќе неколку дена службени лица го бараат Аргентинецот.

Се појавија многу шпекулации за тоа што би можело да се случи со Сала, но засега од авионот нема ниту трага, ниту глас.

Полицијата излезе со најново соопштение и тие стануваат песимисти за целиот случај, зашто велат дека никој не би можел да издржи толку долго во вода.

„Ние ги контактираме крајбрежните служби да помогнат во потрагата, но засега нема повеќе детали. За жал не најдовме ништо. Ако слетале во вода, тогаш шансите за преживување во оваа фаза, за жал, се речиси никакви“, соопштија од полицијата.

Во моментов има три авиони и еден хеликоптер во воздух, кои ја вршат потрагата, а исто така се разгледува сателитската снимка и податоците од мобилниот телефон за да ја откријат локацијата.