Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Нејмар малку му е потребно да се најде во центарот на вниманието, дури и во случај тоа да не го прави намерно…
Доволно беше само една насмевка по новинарското прашање околу потенцијалното враќање во Барселона за да се вклучат старите „ламби“ и да се предизвика „Марка“ да истажи дали во тоа „лежи зајакот“.
Како што се наведува, во Барселона повеќе не ја отфрлаат оваа можност, играчот и клубот не се разделија на најдобар можен начин, но Каталонците се подготвени да минат преку тоа за да го видат повторно на „Камп Ноу“.
Особено по некои наводи дека Бразилецот не е задоволен во Франција и дека му недостасува Каталонија.
Сепак, таткото на Нејмар и натаму се прашува за иднината на својот син кој изминатото лето им беше понуден на бројни европски екипи.
Од друга страна, фудбалерот на ПДЖ и натаму е тивка желба на Флорентино Перез кој и натаму го сака во своите редови, но последниот збор останува да го дадат Французите.
Во Париз се бесни на ваквите сигнали кои ги испаќа семејството Нејмар и сакаат Бразилецот да се фокусира склучиво на она за што е платен неверојатни 222 милиони евра.