„Поминав низ пекол, зашто не сакав секс пред брак“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристан Ан Вер е 27-годишна Американка и поранешна навивачка, која одлучи да го тужи НФЛ клубот, Мајами Долфинс поради злоупотреба.

Дека е невина им открила на останатите навивачки во 2015. година, кога патувале во Лондон. Поради тоа, постојано се шегувале со нејзе, а таа не можела да го поднесе тоа.

„Се чувствував како да ме удрил автобус. Останав без текст. Солзи ми потекоа по лицето“, објаснува таа.

Клубот го напуштила во 2017. година, а сега одлучила да поднесе тужба зашто смета дека некој треба да плати поради навредите со кои се соочувала во минатото.