Поранешен НБА-кошаркар пред камерите призна дека ја измамил жена си повеќе од 50 пати!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот НБА-кошаркар, Џејсон Максиел се најде во центар на внимание на американската јавност, откако призна дека жена му ја измамил многупати.

Максиел и неговата сопруга Бренди се заедно осум години, а во емисија реши да признае дека спиел со 341 жена во својот живот, а дека неа ја измамил повеќе од 50 пати.

Бренди призна дека знаела дека ја мами, но верувала дека само спиел со осум други жени. Сепак, поранешниот кошаркар пред снимањето признал дека спиел со повеќе од 50 жени.