ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Елано, една од најголемите фудбалски надежи во Бразил, објави дека во 35. година од животот ќе стави крај на својата кариера.
Елано светската јавност најмногу го памти по игрите за Манчестер Сити, за кого настапуваше од 2007. до 2009. година.
Беше ѕвезда на тој клуб, пред клубот да стане вистинска сила во Англија, а освен за „граѓаните“ играше и за Сантос, Шахтјор, Галатасарај, Фламенго, Гремио…
Еден дел од кариерата ја помина и во Индија, каде што играше за Ченаијин. Елано ќе ја заврши кариерата во Сантош, за кого и сега настапува, а тоа е клуб каде што и ја започна својата богата кариера.
Елано за репрезентацијата на Бразил запиша 50 настапи и постигна девет гола.