Поранешниот играч на Интер открива: „Тој често доаѓаше пијан на тренинзи“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Поранешен фудбалер на Интер, откри дека Маикон, често бил пијан во понеделничките тренинзи, па затоа тогашниот тренер Мурињо, ги преместувал тренинзите во вечерен термин.

Јанис Зику, беше во Интер од 2004 па се до 2010, но романскиот интернационалец никогаш не настапи за првиот тим на Интер.

„Во интер, Мурињо имаше проблеми со Маикон, тој често доаѓаше пијан на тренинзите во понеделник“. – изјави играчот за Диги Спорт.

„Мурињо еднаш не собра сити и не праша, како можеме да го решиме проблемот со Маикон?“

„Потоа, беше одлучено тренинзите во понеделник да ги одработуваме навечер, за Маикон да може да придонесе“. – заврши, поранешниот играч на Интер.