„Потегот на Фетел е луд!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Ред Бул, Ферстапен изјави дека обидот за преминувањето на Фетел по стартот на ГН на Малезија е луд, бидејќи влијаел и на неговата трка.

    Фетел во првиот свиок имаше контакт со Розберг, поради што Ферстапен исто така мораше да изгуби неколку позиции.

    Трката за Фетел беше готова веднаш, а Ферстапен по завршувањето на трката, која ја заврши на 2-ро место, изјави дека Фетел сакал да дојде до победа уште на стартот.

    „Тој само влета од внатрешната страна, задоцни со сопирањето и го удри Нико. Морав да ги избегнам, а со тоа изгубив неколку позиции. Тој сакаше да победи уште во првиот свиок, а тоа е многу лудо. Го видов во ретровизорот, па и јас доцна сопирав. Се обидов да го нападнам Нико, но тој влета.“

    Тој исто така кажа дека неговата трка ќе била многу поинаква ако не се случело тоа во првиот круг.

    „Немав среќа во првиот свиок, во спротивно, трката ќе беше поинаква. Меѓутоа, тоа е совршен резултат за тимот. Даниел и јас имаме голема почит еден кон друг и навистина уживав.“

    Наредната трка се вози на „Сузука“.