Почина човекот кој ја направи Барселона гигант во европскиот и светскиот фудбал (ФОТО)


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Хозе Луиз Нунез, претседателот на Барселона, од 1978 до 2000 година, почина на 87-годишна возраст.

Сопственикот на градежни фирми и ланец на хотели беше избран за претседател на Барселона во 1978 година, па така тоа беше и остана исторски ден за Каталонците.

Затоа што тогаш Нунез во предизборната кампања вети тоа што денеска за Барселона се подразбира, но и затоа што прв ја направи Барселона финансиски моќна.

Под негово водство Каталонците во сите спортови освоија вкупно 175 трофеи. Кошакарите стигнаа до 26, ракометарите до 50…

Секако, најважни ќе останат фудбалските трофеи освоени под негово водство, односно седум трофеи во лигата на Шпанија, шест купови, четири Купа на победниците на Куповите и првиот трофеј во Лигата на шампиони.