Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Јувентус победничката серија ќе се обиде да ја продолжи во сабота против Рома. Се работи за дербито од 17. коло во Серија А, а секако е тоа дека „Старата дама“ е благ фаворит во овој меч.
Јувентус делува навистина квалитетно, што покажува и досегашниот скор во 16 натпревари – 15 победи и едно реми. Рома е дури на седмото место. Кристијано Роналдо во изјава за италијанските медиуми се присети на дуелот со Рома кога се уште беше член на Манчестер Јунајтед.
Јунајтед тогаш славеше со 7:1, а фантастичниот фудбалер делуваше многу препотентно во својата изјава.
„Водевме 6:0 и еден играч на Рома ме замоли да престанам да го дриблам. Некои дури се закануваа дека намерно ќе се повреди“, истакна Португалецот кој со оваа изјава сигурно ќе предизвика голем гнев кај навивачите на тимот од Рим.
Истакна дека тогашната Рома била посилна од моменталната, но продолжува дополнително да ја „загрева“ атмосферата.
„Во оваа Рома нема никој со кого би можел да го заменам дресот на крајот од мечот“, самоуверено заклучи Роналдо.