Почнаа преговорите на Тотнем и Манчестер јунајтед за одличен фудбалер


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Одличниот фудбалер одби да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед и сака да замине од „Олд трафорд“, а очигледно ќе се пресели во Лондон, иако Јувентус беше блиску до реализација на неговиот трансфр.

Медиумите од Англија пишуваат дека Тотнем во текот на наредната недела ќе го зголеми интензитетот на преговорите со Ентони Марсијал.

Не е позната висината на трансферот во моментов, која Тотнем ќе ја понуди за Французинот, но се очекува да не биде пониска од таа за која што стигна Марсијал во Манчестер, односно 60 милиони фунти.