Почнува најголемата мисија на Перез: Реал испрати понуда во Лондон!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид летоска остана без Кристијано Роналдо, а во текот на сезонава стана јасно дека загубиле многу со заминувањето на ѕвездата.

Па, поради тоа ќе се обидат да најдат нова голема ѕвезда, а како што сите знаеме, Флорентино Перез го сака Еден Азар од Челси.

Белгиецот има одлична сезона во Челси, па многу се шпекулираше за неговата иднина на „Стемфорд бриџ“, но фудбалерот никогаш не ја криеше желбата дека сака да заигра кај „кралевите“.

Перез е подготвен да му се исполни тој сон, па според шпанските медиуми, Реал е подготвен да ги понуди Иско и Матео Ковачиќ за Белгиецот, иако тоа веќе беше познато, сепак, наводно таа идеја му се допаднала и на Маурицио Сари, кој неколку пати кажа дека клубот треба да ја реши иднината на Белгиецот.