Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вториот тенисер во светот, Мареј вели дека по својата прва титула на Вимблдон почнал да чувствува помалку притисок.
„Имаше години кога чувствував голем притисок бидејќи сите се прашуваа дали ќе освојам Грен Слем титула. Кога го освоив УС Опен, помислив дека притисокот се намалува, но тогаш сите почнаа да прашуваат кога ќе го освојам Вимблдон.“
Мареј сака да го престигне Ѓоковиќ на 1-то место на АТП листата.
„Рафа и Федерер не се тука, тоа е предност за нас, но негативно влијае на квалитетот на спортот. Јас се фокусирам на брзите цели, тоа е тоа што ми дава сила да станам наутро и да тренирам.“
Мареј е прв носител во Виена, а на стартот ќе игра со Клижан.
Доколку го освои тој и наредниот турнир во Париз, а Ѓоковиќ во Париз не стигне до финалето, Мареј ќе стигне до 1-то место.