Преживеаниот голман на Чапекоенсе се разбуди: Не можете ни да замислите што му беше првото прашање

Еден од малиот број преживеани по падот на авионот со фудбалерите на Чапекоенсе, голманот Хелио Нето, вчера се разбуди од кома.

Тој не се сеќава на несреќата, не знае зошто е повреден, а прво нешто што праша е тоа колку бил резултатот во првиот натпревар помеѓу Чапекоенсе и Атлетико Насионал.

Да ве потсетиме, фудбалерите и стручниот штаб на Чапекоенсе беа тргнати на првиот натпревар во Колумбија кога се случи несреќата.

Докторите, особено психолозите, не сакаат да му ја соопштат веста дека се случила несреќа и дека починале 71 патник.