До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Интер не успееја да ја победат Болоња на Џузепе Меаца во дуелот од 6 коло од италијанската Серија А. Мечот е завршен без победник (1:1) и така е прекината низата ид три победи на Нероаѕурите.
Болоња поведе во 14 минута. Погоди Матиа Дестро, а на другата страна гол за Интер во 37 минута постигна Перешиќ.
Сепак, до крајот не успееја да да дојдат до трите бода, а без гол остана и Мауро Икарди.
Лацио во доста добар натпреевар го победи Емполи со 2:0. Водечкиот гол на мечот го постигна Кеита во 29 минута, а Сенад Луличќ во 90 минута погоди за конечен резултат од дуелот 2:0.
Сасуоло со 1:0 го победи Удинезе, а Џенова и Пескара ремизираа со 1:1.
Горан Пандев доби црвен картон во екипата на Џенова.















