Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанецот Антонио Конте требаше да биде нов тренер на Реал Мадрид, но очигледно утрово многу работи се искомплицираа. Тој беше утрово во Лондон, но наводно се откажал од преселба во Мадрид.
Една од причините за тоа е противењето на капитенот Серхио Рамос, кој не сакал да го види Италијанецот во редовите на шпанскиот гигант.
Многумина шпекулираат дека Рамос не го сака Конте поради неговите строги начини на работа, односно забранување на голем дел од храната.
Сепак, тоа е само шпекулација, а останува да се види соопштението на клубот. Ако Италијанецот остане на оваа одлука, тогаш претседателот Флорентино Перез ќе се обиде да му даде шанса на Солари или евентуално да го врати Гути во клубот.
Конте не сака да ризикува и да добива притисок од фудбалерите и тоа уште не пристигнат во Мадрид, а не сака ниту да се откаже од десет милиони евра, кои ги бара од Челси.