Престана да му биде интересен Реал Мадрид, сега Нејмар сака во Манчестер!?

Летово главна тема ќе биде повторно Нејмар, кој би можел да го напушти ПСЖ.

Иако веќе со месеци се зборува дека е блиску до реализација на трансфер во Реал Мадрид, сепак работите се смениле и Нејмар не е заинтересиран за такво нешто.

Целата ситуација сака да ја искористи Манчестер јунајтед, кој гледа шанса да донесе квалитетно засилување. Наводно, Санчез и Погба го убедуваат Нејмар да дојде на „Олд Трафорд“, а летово ќе видиме дали ќе се оствари тоа.