Прилеп докажа дека е фудбалски град: Заврши турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2016“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Заврши седмиот Светиниколски турнир во мал фудбал. Публиката уживаше во квалитетниот фудбал. Во изминативе денови видовме голем број на мајстории. Прилеп покажа и докажа дека е фудбалски град, ова е голема традиција и ова е најголем турнир во мал фудбал кој се одржува во Македонија.“, изјави Марјан Ристески.

На турнирот имаше и богати награди за тимовите, односно шампионот доби 125.000 денари, 2-ро пласираниот 70.000 денари, а 3-то пласираниот 45.000 денари додека имаше и награда за 4-то пласираниот тим од 20.000 денари.

Резултати 28.12.2016

Финале ветерани
Автоконтрол – Златна рака  1:1(4:5 на пенали)

Финале генерација 2002
Рустика – Општина Долнени 5:0

Сениори за 3-то место
Тобако Дисконт Руна Мак – Центар Рубин Златко 4:0

Сениори финале
Фурна Златно зрно – Македонија 3:2

Пласман
1. Фурна Златно Зрно
2. Македонија
3. Тобако Дисконт Руна Мак
4. Центар Рубин Златко

Најдобри играчи

Најдобар голман – Христијан Сркески(Тобако Дисконт Руна Мак)
Најдобар стрелец – Левков(Фурна Златно Зрно)
Најдобар играч – Сашко Димов(Фурна Златно Зрно)