Пристигна во Атлетико Мадрид минатото лето, а сега заминува во редовите на Монако


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Крилниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Желсон Мартинс кој пристигна на „Ванда Метрополитано“ минатото лето од редовите на Спортинг Лисабон по само шест месеци ќе го напушти клубот.

Мартинс не добива многу шанса во првиот тим на Диего Симеоне и фактот што го избра Атлетико Мадрид пред Арсенал по се изгледа испадна како погрешна негова одлука.

Сега за неговиот потпис има интерес од редовите на Монако кој оваа зима носи засилувања по мерка на Тиери Анри во обидот да опстане во француската Лига 1.