Проблеми во Мадрид: Ѕвезда на Реал се налути и заминува во јануари!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, го направи Иско еден од најстандардните фудбалери, но резултатите беа лоши по што Шпанецот мораше да замине.

На негово место беше поставен Сантијаго Солари, кој работеше претходно во Кастиља, па беше логичен избор за привремено решение.

Но, сега се наметнува како сериозна опција да остане во Реал на подолг план, а тоа не му се допаѓа на Иско бидејќи не игра стандардно кај новиот стратег.

Овие вести го израдуваа Јувентус, кој одамна е заинтересиран за неговите услуги, па наводно во јануари би можел да се пресели кај нив.