Проблеми за Јунајтед: Договорот на Марсијал во опасност


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот договор на Ентони Марсијал е се подалеку и во Манчестер стравуваат дека Французинот набрзо ќе си замине од клубот.

„Дејли Стар“ пренесува дека агентите на Марсијал им посочиле на челниците на Манчестер Јунајтед  дека сакаат нивниот клиент да заработува 150.000 фунти неделна плата.

Наводно, од Манчестер Јунајтед не биле подготвени за такво нешто, па преговорите ќе продолжат и во иднина. Сепак, весникот објавува дека договорот е во опасност и дека може да се случи Марсијал да не ја продолжи верноста со Јунајтед.