Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во период од 2007 до 2016 година, Златан Ибрахимовиќ ги освои сите десет награди за шведски фудбалер на годината.
Меѓутоа, ова е втора година по ред како Ибра не ја доби таа награда. Минатата година добитник беше Андреас Гранквист, а оваа е Виктор Линделоф.
Дефанзивецот на Манчестер јунајтед зад себе има одлични настапи, а посебно за Шведска, која стигна до четвртфинале на Светското првенство во Русија.
„Ова е голем ден за мене, па сакам да им се заблагодарам на сите кои ми ја дадоа поддршката. Многу ми значи тоа што сум тука и што ја освоив наградата“, кажа Линделоф.
Victor Lindelof, winner of the Swedish “Golden Ball 2018” ? pic.twitter.com/xgwKKQfJu3
— José (@MourinhoMindset) November 12, 2018