ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Црногорскиот кошаркар Никола Павличевиќ е нов кошаркар на МЗТ Скопје. 29 годишниот плејмејкер се обврза на договор со „металците“ до крајот на сезоната.
Павличевиќ минатата сезона беше дел од унгарски Солонок, а летово беше дел и од репрезентацијата на Црна Гора која настапи на Европското првенство.
Црногорецот има богато искуство зад себе, а во кариерата ги бранел боите на Унион Олимпија, Сутјеска, Лвќен и Халман Виена. Павличевиќ доаѓа на местото на Брет Бејли на кого му заврши тримесечниот договор со МЗТ Скопје.