Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон кој ова лето пристигна во ПСЖ од редовите на Јувентус во францускиот клуб ќе заработува рекордна сума на пари.
Малку кој очекуваше дека Буфон дресот на Јувентус ќе го замени со дресот на некој друг европски клуб, но на крајот одлучи да го стори тоа и да го облече дресот на францускиот тим.
Во јавноста протекоа детали од договорот, па сега, на 40 години Буфон ќе има шанса да оствари рекордна заработка. Во Јувентус никогаш не надмина плата од шест милиони евра по сезона, додека во последните години заработуваше по 4.5 милиони по сезона.
Во ПСЖ, Буфон ќе заработува по пет милиони евра, но без бонуси, кои со сигурност ќе му донесат рекордна заработувачка на легендарниот голман.