Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот тенисер Лука Пуј откри дека на еден турнир во Романија, пред неколку години, добил непријатно изненадување.
Пуј вели дека непознати луѓе во текот на турнирот му понудиле да намести дуел, зашто се обложиле на него.
„Никогаш не одговорив на тие понуди, зашто тоа е нечесно. Не е во ред да добијам пари, зашто намерно сум загубил меч или сет“, вели Пуј.
Интересно е тоа што Французинот не ги осудува тенисерите кои прифаќаат такви понуди.
„Ги разбирам тенисерите, кои намерно губат, зашто некогаш им се потребни парите за патувања, па би земале 5.000 евра и да загубат“, вели Французинот.
Да потсетиме, Пуј на Австралијан опен направи голем успех, откако стигна до полуфиналето на турнирот.