ПСЖ сериозно „загриза“ за тинејџерската сензација на Борусија Дортмунд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Парис Сен Жермен се сериозно заинтересирани во своите редови да го донесат англискиот тинејџер од редовите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Францускиот шампион будно ја следи ситуацијата околу англискиот интернационалец кој имаше и деби за сениорската репрезентација на Англија на натпреварот против Хрватска од Лигата на Нациите.

За 18 годишниот фудбалер од офанзивата кој импресионира на стартот на сезоната во дресот на „Милионерите“ сериозен интерес има и од Манчестер Јунајтед и Арсенал, а ни од Манчестер Сити не ја отфрлаат можноста да го вратат играчот во своите редови.