Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шпанските медиуми постојано шпекулираат за заминување на шпанската ѕвезда Иско од Реал Мадрид бидејќи не добива голема минутажа кај тренерот Сантијаго Солари.
Сепак, и покрај големиот број на шпекулации, Иско најверојатно нема да се реши на таков потег, иако го поврзуваа со трансфер во ПСЖ, Челси, Манчестер сити…
„Не размислувам за мое заминување. Среќен сум тука во Реал Мадрид и сакам да останам и да освојам многу трофеи со тимот“, кажа Иско.
Иско се надева дека во иднина ќе ја заработи довербата кај Солари, кој би му дал поголема минутажа во натпреварите во Ла Лига.