Пукна брука, младата репрезентација поразена од Гибралтар (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе разочарувачки пораз од аматерската репрезентација на Гибралтар.

Ова е историска победа за оваа земја затоа што е прва официјална победа на една нивна фудбалска селекција.

Новите репрезентативци предводени од Благоја Милевски иако во текот на целиот натпревар имаа контрола на играта сепак претрпеа срамен пораз примајќи гол од единствената шанса на домашниот тим.

Ова е втор пораз за нашата репрезентација во досегашниот тек на квалификациите откако претходно загубивме од Србија на домашен терен.

Стрелец на историскиот погодок за Гибралтар беше Граме Ториља во 64. минута од натпреварот.