Пјулис останува во ВБА


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тренерот на ВБА, Тони Пјулис ќе остане во тој клуб до крајот на наредната сезона бидејќи денес го продолжи договорот.

    Кинескиот инвестициски фонд на чело со Гуочуан, кој неодамна го купи ВБА сака со новиот договор да обезбеди стабилност и континуитет во тимот.

    Пјулис во ВБА дојде во јануари 2015 година.

    „Ова е време на големи промени во Албион и кога тоа се случува потребен е континуитет. Како што реков кога дојдов, сакам да одиграм своја улога во напредок на тимот. Тоа не може да се случи преку ноќ, но верувам дека напредуваме чекор по чекор.“, изјави Пјулис.

    ВБА по 9 одиграни кола е на 13-то место во ПЛ со 10 освоени бодови.