Ракитиќ е воодушевен со чудото од дете кое го има Барселона: Нему мораме да му простиме се


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Осман Дембеле, кој Барселона изминатата година го донесе за 105 милиони евра и така 20-годишниот фудбалер го направи најскап фудбалер во историјата, поддеднакво ги воодушеви, но и ги изиритира навивачите на Барселона.

Од Нејмар го наследи бројот на дресот, а по се би требало местото и значењето во тимот. Во тоа меѓутоа му пречат испадите и „мушичките“. Така Барселона неодамна го испрати на лечење од зависност од видео-игри.

Не е чудно Дембеле да страда од тие детски болести, очигледно затоа што се уште е дете. И тоа во нова земја, култура и јазик.

Но, со оглед на тоа колку е платен и чии копачки зеде, каталонците не сакаат да го толерираат.

Тие сакаат да го прави она што им го овозможи не само на вчерашната претстава и победата со 2:0 над Виљареал во 14, коло во Ла Лига, да уживаат во мајсториите на еден од најдобрите и најмлади фудбалери на светот.

Дембеле оваа сезона често брилјира. Вкупно постигна седум погодоци а намести четири. Во првенството со пет погодоци и две асистенции, на Барселона и донесе седум бодови. Асистираше и за првиот погодк против Виљареал.

Но она што го привлече вниманието е тоа што го направи Алфонсо Педрази во седмата минута. За пет секунди тој ја импресионираше спортската јавност.

Ваквиот потег го воодушеви Иван Ракитиќ, сенаторот на тимот, кој му се поклони на генијалното дете на Барселона:

„Мораме да му дадеме време, бидејќи и денес покажа дека располага со неверојатен квалитет. Нема сомнеж дека и натаму ќе напредува и ќе станува врвен играч. Со нив мораме да бидеме трпеливи. Играчите како тој се вредни за тоа. Осман е вреден исто така, и пред него е голема иднината“.