Рамос со џентлменски потег ги воодушеви играчите и навивачите на Милан (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид во дуелот за „Трофеј Сантјаго бернабеу“ го победи Милан со 3-1.

„Росонерите“ одиграа добар натпревар и веднаш видовме гол на Гонзало Игуаин, но Реал со головите на Карим Бензема, Герет Бејл и Мајорал стигна до победа.

Трофејот го додели Паоло Малдини, а истиот требаше да го земе Серхио Рамос, кој покажа колку ја почитува легендата на „росонерите“.

Малдини со години беше еден од најдобрите стопери во Европа, па разбирлив е потегот на Рамос.