Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот стратег на чело на Њукасл има сомнежи за подготвеноста на тимот за оваа сезона во Премиер Лигата, по неуспехот во првите две кола.
Бенитез го одведе Њукасл до шампионската титула во Чемпионшип лигата минатата сезона, но на почетокот на овогодинешната Премиер Лига ги изгуби двете почетни кола а очигледно е дека губи и на друго поле – трансфер пазарот.
“Моето искуство во Премиер Лигата вели дека ако не ги искористиш шансите во напад, тешко е да извадиш позитивен резултат. Но, тоа е процес кој бара работа и учење така што убеден сум дека ќе успееме да направиме напредок, само што ќе ни треба време.” – изјави Бенитез.
“Не сме спремни за Премиер Лигата, барем не во овој момент. Работиме на донесување нови засилувања во тимот и ќе дознаете во истиот момент кога ќе има нешто конкретно. Можеби ќе биде тоа (Енди) Керол, можеби некој друг напаѓач. Но како и да е, имаме идеја кој би можел да биде новиот играч.” – изјави шпанецот во врска со трансфер-пазарот.
Тимот на Њукасл не успеа да постигне гол во првите две кола од новата сезона и нивните опции во нападот се ограничени на играчи кои и немаат баш завидно премиерлигашко искуство.