Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По ремито на Барселона во Билбао, Реал Мадрид се врати во битката за трофеј во Примера.
„Кралскиот клуб“ сега стигна до втората позиција по победата над Атлетико и стигна до заостанување од дури шест бодови зад Барселона.
Сега во Мадрид сакаат нешто што никој никогаш не го оствари во 90 години долгата историја на Примера – да ја освојат титулата и покрај заостанувањето од дури 10 бодови во еден момент.
Најголемото враќање го направи Барселона на Ван Гал која стигна девет бодови во сезоната 1998/99, Реал на двапати стигна го осум бодови, но двоцифрено заостанување ниту една екипа не успеа да надокнади.
Реал беше најблиску до тоа кога Зинедин Зидан пред три сезони успеа да стопи 11 бодови предност на Барселона, меѓутоа Каталонците на крајот ја освоија титулата со еден бод повеќе.
Останаа уште 15 натпревари до крајот на сезоната, големи 45 бодови се во оптек, па сешто е можно во овој момент.