Реал и Барселона во ерата на Меси освоија 50 трофеи, знате ли кој има повеќе?

Додека Лионел Меси игра за Барселона, тие не треба да се грижат, барем така изгледа во моментов, кога ќе ги погледнеме трофеите.

Барселона со 4-2 го победи Депортиво Ла Коруња, па стигна до нова титула во Примера и тоа воедно е 32 трофеј во ерата на Меси.

Од друга страна, од дебито на Аргентинецот во каталонската екипа, Реал Мадрид има освоено 18 трофеи.

Меси во дресот на Каталонците постигна 550 голови, а во моментов со 32 гола води во трката за „Златната копачка“.