Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Светското клупско првенство, откако вечерва ја победија Кашима со 3-1.
„Кралевите“ ги освоија последните два трофеи на турниров и ќе ја бркаат и третата по ред.
Во првите 20 минути немаше добра игра од Реал, но потоа заиграа како што знаат и во 44. минута Герет Бејл погоди за 1-0.
На самиот старт на второто полувреме Реал направи дополнителен притисок со цел да го реши мечот што е можно порано, па Бејл направи хет-трик со головите во 53. и 55. минута.
До крајот на средбата, јапонската екипа стигна до почесен гол и тоа во 78. минута од мечот кога погоди Дои.
Реал во финалето ќе игра против Ал-Аин, кој вчера го елиминираше Ривер плејт.