Реал Мадрид заинтересиран за играч на Тотенхем


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид се подготвуваат за заминувањето на Серхио Рамос кој полека влегува во последните години од неговата играчка кариера.

Реал Мадрид игра по очекувањата оваа сезона, па планираат да се засилат и во дефанзивата во летниот преоден рок.

Како што пишуваат медиумите во Шпанија и Англија, „Кралевите“ му фрлиле око на играчот на Тотенхем, Дејвисон Санчез кој во клубот пристигна ова лето.

Санчез е стандарден во тимот на Маурисио Покетино и со своите игри го привлече вниманието на топ клубовите ширум Европа.