До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од таборот на Реал Мадрид се подготвени да ги слушнат понудите кои ќе стигнат на нивна адреса за играчот од одбраната Рафаел Варан.
Наводно, Манчестер Јунајтед сериозно е заинтересиран за овој играч и е подготвен да издвои 54 милиони фунти за да го доведе во своите редови ова лето.
„Диарио Гол“ пренесува дека Реал покрај Варан ќе ги разгледа можностите да им дозволи и на Тони Крос и Герет Бејл да заминат на „Олд Трафорд“ се со цел да ги убедат челниците на „ѓаволите“ да пуштат Давид Де Геа во спротивен правец.















