Реал Мадрид поставил превисока цена за Марсело


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ пренесува дека од таборот на Реал Мадрид ја одредиле цената за левиот бек Марсело.

За бразилскиот репрезентативец постои сериозен интерес од редовите на Јувентус, но по најновите најави поврзани околу цената на Марсело, се поставува прашањето дали Бразилецот воопшто ќе заврши во Торино.

Според пишувањето на италијанскиот весник од Реал Мадрид ќе бараат неверојатни 60 милиони фунти за 30 годишниот лев бек.