Реал Мадрид преговара со два тренери


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Зинедин Зидан ги изненади сите кога одлучи да замине, а претседателот на тимот, Флоретино Перез, тргна во потрага по нов тренер.

Прва желба на „кралевите“ е тренерот на Тотнем, Маурицио Покетино, а со клупата на Реал се поврзуваат уште неколку познати имиња.

„Марка“ пишува дека Перез контактирал со аргентинскиот стратег, но проблем е тоа што неодамна Покетино го продолжи договорот до 2023. година.

Сепак, управата на Тотнем ќе му дозволи да преговара со Реал и ако успее да се договори, на англискиот гигант ќе му биде исплатена оштета.

Покрај него, Перез го контактирал и актуелниот селектор на Германија, Јоаким Лев, па понудата од Мадрид може да го натера да се откаже од националниот тим.