Реал Мадрид се ослободува од петмина „предавници“, Перез има 400 милиони евра за нови засилувања!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид подготвува големи промени во екипата, откако сезонава не играат како што посакуваат, па претседателот Флорентино Перез решил да потроши 400 милиони евра на нови фудбалери.

Управата на „кралевите“ му соопштила на тренерот Сантијаго Солари дека нема да остане на тренерската позиција, дури и да ја освои Лигата на шампиони, а како негови замени се споменуваат Масимилијано Алегри или Антонио Конте.

Реал сака да се ослободи од Кејлор Навас, Иско, Марсело, Герет Бејл и Тони Крос. Според „Дон Балон“ овие продажби би можеле да донесат многу пари во клубот, па потоа да се потрошат 400 милиони евра на нови засилувања.

Матијас де Лит е приоритет на „кралевите“, а потоа би требало да пристигне и Николас Таљафико од Ајакс. Едно од главните прашања е Еден Азар, но тоа ќе зависи од ангажирањето на Хари Кејн и неговата цена.

Целта на Перез е да ги ослободи незадоволните фудбалери и да донесе искусен стратег со неколку добри засилувања, со кои ќе може да се бори за сите трофеи наредната сезона.