Реал подготвува понуда за еден од најбараните голмани


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


„Радио Монтекарло“ пренесува дека Реал Мадрид подготвува понуда за голманот на Рома, Алисон Бекер.

„Кралевите“ долго време се поврзуваат со нов чувар на мрежата, а ова лето веројатно прва трансфер цел ќе им биде бразилскиот чувар на мрежата кој во моментов настапува во дресот на Рома.

Наводно актуелниот европски шампион сака да го обезбеди потписот на Алисон пред почетокот на Светското првенство во Русија кое е закажано за средината на јуни.

Се верува дека Реал Мадрид ќе плати околу 60 милиони евра за услугите на 25 годишниот Алисон кој има одлична сезона зад себе.