Реал ја плаќа клаузулата: Марсело се зборува со Мадриѓаните?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал има јасна намера, не успеа експериментот со Тео Ернандез кој сега е во Сосиједад на позајмица, а купен е од Атлетико по одличната сезона во Алавеш.

Ниту во Сан Себатијан, Французинот не покажува многу, па би можел да биде продаден или повторно некаде испратен на позајмица.

Од друга страна, неговиот брат Лукас кому му истекува договорот и кој настапува за Атлетико беше мета на Реал, но одби да ја промени средината и би сакал да замине во Баерн, бидејќи не сака да биде мета на навивачите, ако се пресели во ривалскиот клуб.

„Ас“ пишува дека покрај Регалјон кого Солари го промовираше во првотимец, новиот лев бек ќе биде Жуниор Фирпо.

Имено, момчето со потекло од Доминикана дебитираше за младата шпанска репрезентација, има клаузула од 50 милиони евра и Реал нема намера да преговара со Бетис.

Марсело пак, е мета на Јувентус се смета дека би можел да се пресели во Торино за најмалку 40 милиони евра и дека со тоа Реал ќе успее да го финансира откупот на договорот на Фирпо.